5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Лондон решен со сите сили да и помогне на Украина

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Риши Сунак, новиот британски премиер, има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка за Украина во претстојните недели, во обид да се оттурне Русија уште подалеку и да се обезбеди траен мир, информриа официјален Лондон.

Испраќањето на тенковите Челинџер 2 (Challenger 2) во Украина е почеток на зголеменото темпо на поддршката на Обединетото Кралство за Украина. Ескадрила од 14 тенкови ќе влезе во земјата во наредните недели, откако премиерот Сунал му ветил на претседателот Зеленски дека ќе обезбеди дополнителна поддршка за помош на копнената војна на Украина. Околу 30 AС90 (AS90), т.е. големи, самоодни топови, управувани од пет топџии ќе бидат испратени во Украина во претстојниот период.

Обединетото Кралство ќе започне со обука на украинските вооружени сили за употреба на тенковите и топовите во наредните денови, како дел од пошироките напори во кои илјадници украински војници беа обучени во Обединетото Кралство во последните шест месеци.

„Премиерот е убеден дека долгата и статична војна служи само за целите на Русија. Затоа тој и неговите министри ќе разговараат со нашите сојузници ширум светот во деновите и неделите што следат за да го засилат притисокот врз Путин и да обезбедат подобра иднина за Украина.

Во пресрет на годишнината од инвазијата, премиерот ќе се обиде да ја демонстрира моќта на Обединетото Кралство како меѓународен катализатор со влијание во рамките на НАТО, Г7, Здружените експедициски сили и на други места. Тој ќе работи со партнерите со цел да ја стави Украина во најсилната позиција што ќе ѝ обезбеди да влезе во идните мировни преговори од позиција на воена, економска и дипломатска сила и да обезбеди силен и траен мир“ – се вели во соопштението на амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...

Штрајк на половина милион вработени во Британија – училиштата затворени, возовите, авионите доцнат

Десетици илјади училишта во Велика Британија делумно или целосно ја прекинаа наставата, прекинат е и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнење на авионите бидејќи...

Потврдено: Нетфликс ги открива првите детали за новите мерки против споделувањето лозинки

Стриминг гигантот Нетфликс проценува дека околу 100 милиони корисници ширум светот се најавуваат на нивната платформа користејќи туѓи кориснички податоци. Нетфликс се надева дека...
spot_img
spot_img
spot_img