More

    Лондон и Мадрид пред договор за статусот на Гибралтар по Брегзит

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес денеска изјави дека Мадрид и Лондон се блиску до договор за конечно решение за статусот на Гибралтар по Брегзит.

    Статусот на Гибралтар и начинот на следење на границата со Шпанија се спорни откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија во 2016 година, бидејќи полуостровот беше исклучен од договорот за Брегзит постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ, потсетуваат британските медиуми.

    -Гледам конструктивен дух од британска страна за договорот за Гибралтар – изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

    Шпанија, Велика Британија и Европската унија на 31 декември 2020 година, само неколку часа пред целосното излегување на Велика Британија од Унијата, се договорија Гибралтар да остане дел од договорот со ЕУ како Шенген зона и дека Шпанија по конечното решение ќе ги надгледува пристаништето и аеродромот.

    Европската комисија и Шпанија на крајот на 2022 година и испратија предлог на Велика Британија да ја задржи отворена копнената граница на Гибралтар со Шпанија и да обезбеди слободен проток на луѓе меѓу Шпанија и енклавата.

    -Ништо не е договорено додека сè не биде договорено, но можам да видам од состаноците што ги имав со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли дека и двајцата сакаме договор и навистина работиме на тоа – рече Албарес, без да даде временска рамка.

    Шпанија во 1713 година ѝ ја отстапила на Велика Британија споменатата територија околу ртот во Гибралтарскиот теснец на Средоземното Море, но потоа долго време барала да и биде вратена.

    На референдумот во 2002 година, од 33.000 жители на Гибралтар ја отфрлија секоја идеја Велика Британија да го дели суверенитетот над енклавата со Шпанија.

    Меѓутоа, со големо мнозинство тие изгласаа да останат во Европската унија на британскиот референдум за Брегзит во 2016 година.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img