24.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Ловато, која минатата година објави дека се смета себеси за небинарна личност, повторно почна да користи „таа/неа“ наместо „тие/нивните“

НАЈЧИТАНО

Поп ѕвездата Деми Ловато, која минатата година објави дека се смета себеси за небинарна личност, повторно почна да користи „таа/неа“ наместо „тие/нивните“.

Во последната епизода од подкастот „Споут“, водителката Тамара Диа во разговор со Деми призна дека сè уште „не ја разбира баш“ заменката тие. Пејачката ја користи таа заменка од мај 2021 година, кога изјави дека не се идентификува исклучиво како машко или женско.

„Да, па тие се, хм, јас всушност повторно ги усвоив заменките таа/неа“, рекла Деми на подкастот.

„Јас сум многу променлива личност. Минатата година почувствував дека мојата енергија е избалансирана во мојата машка и женска страна. На пример, кога требаше да изберам дали да влезам во женски или машки јавен тоалет, мислев дека нема вистински избор за мене затоа што не се чувствував неопходно како жена, но не се чувствував ниту како маж. Едноставно се чувствував како човек. И тоа е она што се „тие“ за мене . Станува збор само за тоа во својата срж да се чувствувате човек“, рекла таа.

 

Таа додала дека во последно време повторно се чувствува како жена, што ја поттикнало покрај „тие“ да ги користи и заменките „таа/неа“.

Пејачката и претходно отворено зборуваше за нејзиниот пристап кон полот и сексуалноста. Таа откри дека е пансексуалка за време на епизодата од март 2021 година од подкастот на Џо Роган.

„Јас сум флуидна, а дел од причината зошто сум толку флуидна е затоа што бев многу затворена“, рекла таа. Кога Роган ја прашал дали сака жени или мажи, таа рекла дека ` е сеедно.

Ловато во 2018 година речиси се предозирала, што и го оштетило мозокот и и предизвикало делумно слепило.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО