22.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Литванската претставничка Моника Лиу беше големо изненадување на првата полуфинална вечер на Евросонг

НАЈЧИТАНО

Литванската претставничка Моника Лиу беше големо изненадување на првата полуфинална вечер на Евросонг.

Иако обложувалниците не ѝ даваа никакви шанси за влез во финалето, за своето место Лиу се избори и тоа во стар фустан бидејќи немала пари за нов.

Имено, пејачката во Торино настапила во истиот фустан во кој пеела и на националниот натпревар во Литванија. За жал, новиот фустан за настап на Евровизија бил прескап за неа.

„Размислував за друг фустан, но тој што ми се допаѓаше беше многу скап. Освен тоа сфатив дека фустанот кој го имам е едноставно многу соодветен и дека веќе стана составен дел од мојот настап“, изјавила Моника.

Меѓутоа ниту старата креација ниту прогнозите во обложувалниците не ја спречија Лиу со својот настап да избори пласман во финалето кое ќе се одржи на 14-ти мај во Торино.

Покрај Литванија, уште 9 земји вчеравечер го обезбедија своето место во финалето, а тоа се Швајцарија, Ерменија, Исланд, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО