20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Линда Еванџелиста, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Татјана Патиц го сочинуваа познатата петорка кој владееше на модните писти на светски познатите дизајнери во текот на 1990-тите

НАЈЧИТАНО

Манекенката Линда Еванџелиста (56) заедно со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Татјана Патиц го сочинуваа познатата петорка кој владееше на модните писти на светски познатите дизајнери во текот на 1990-тите.

 

 

Но, последните неколку години се пишува за драстичната промена во изгледот на познатата Линда Евангелиста, а таа сѐ поретко се појавува во јавноста. Сега, првпат по долго време манекенката се појави на насловната страница на магазинот „Пипл“.

 

 

Линда минатиот септември зборуваше за естетските процедури кои ѝ го уништиле животот.

 

„Денес направив голем чекор кон исправање на грешката што ја претрпев и ја чував за себе повеќе од пет години. За сите мои следбеници кои се прашуваа зошто не работев додека напредуваше кариерата на моите колешки врснички, причината е тоа што сум трајно унаказена со методот Zeltiq CoolSculpting, чии резултати се спротивни од она што ми беше ветено. Тие ги зголемија наместо да ги намалат масните клетки и оставија трајна деформација, дури и по две болни, неуспешни хируршки корекции. Станав, како што опишуваат медиумите, „непрепознатлива“. Развив парадоксална масна хиперплазија (Paradoxical Adipose Hyperplasiu), која беше еден од ризиците за кои не бев свесна пред да се подложам на естетскиот зафат. ПАХ не само што ме чинеше егзистенција, средства за живот, туку ме турна во круг на длабока депресија, длабока тага и најдлабока самоомраза“, отворено признала таа тогаш манекенката.

Линда во интервјуто за „Пипл“ детално опишала дека дури „престанала да јаде“ и мислела дека го губи разумот кога почнале да ѝ се појавуваат испакнатини на брадата, бутовите и градите и дека денес „се плаши да налета на некој што го познава“ откако помина една деценија откако таа владееше со модните писти.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО