23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара слобода за Ламбе Алабакоски

НАЈЧИТАНО

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара слобода за Ламбе Алабакоски, однос тој „да помине со укор“, велејќи дека уништувањето на државен имот е нормална реакција на народот на сите досегашни погрешни политики на Владата, иако тој не прифаќа насилство и уништување. Мицкоски потсети на кршењето и палењето на канцеларијата на претседателската канцеларија во Шарената револуција.

– Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце – изјави Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО