Лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети доцна попладнево пристигна во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети доцна попладнево пристигна во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Покрај него е и првиот вицепремиер Артан Груби, јавува ТВ 21.

Премиерот Еди Рама во Тирана вечерва одржува средба со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24″.

„Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции“, наведува телевизијата „Њуз 24″.

Телевизијата потсетува дека на 19 јули 2022 година кога беа отворени преговорите за Албанија, преговорите беа отворени и за Северна Македонија, но со услов од Бугарија која бара уставни измени со вметнување на бугарското малцинство во Уставот.

„Средбата ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници на средбата се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса“, додава телевизијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img