7.9 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

ЛЕТОВО ЗАБРАНА ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ОХРИД

НАЈЧИТАНО

Во период од 1-ви јули до 31 август годинава се забранува изведување градежни работи  од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид. Оваа забрана важи за  просторот под улица „Туристичка“ до Eзерото и тоа  на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над улица „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта  до  манастирскиот комплекс Св. Наум.

Одлуката за забрана за изведување  градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со  член 62 од Законот за Локална самоуправа и член  83 од Статутот на  Oпштина  Охрид.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО