2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Лекарите препорачуваат: Секој ден треба да се мијат само три дела од телото

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Повеќето луѓе се тушираат, во просек, еднаш дневно, а во летните месеци уште почесто. Дали е тоа здраво? Ако ги прашате докторите, не е баш така.

Докторот и дерматолог Сенди Скотнички предупредува дека пречестото миење на телото од глава до пети со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми, како што се егзема, сувост и други кожни болести. Наместо тоа, таа вели дека е доволно да се фокусирате само на одредени делови од телото – пазувите, препоните и стапалата.

Со неа се согласува и докторката Робин Чуткан, која објаснува дека ако го измиете целото тело со сапун, можете да ги уништите корисните бактерии.

„Факт е дека на нашето тело му требаат одредени бактерии, а доколку ги отстраниме со постојано чистење на кожата, ја губиме заштитата и сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат многу штетни. Она што е важно секојдневно да се мие се пазувите, препоните и стапалата. Доволно е да го исплакнете остатокот од телото со вода, дури и ако сте вежбале пред туширање“, објаснува Чуткан.

Една студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието Science Advances, покажа дека одредени видови бактерии кои живееле на кожата на испитаниците се поврзани со помал ризик од рак на кожата во споредба со луѓето кај кои бактериите не биле пронајдени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНАЦИЈА

„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната...

МВР – Извадок на дел од дневните настани 31.01.2023

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил...

Актерот Алек Болдвин е обвинет за убиство од небрежност

Обвинителството на Првиот судски округ на американската сојузна држава Ново Мексико денеска официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против холивудскиот глумец...
spot_img
spot_img
spot_img