24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Легендарната битолска панк група „Чоканче“ по прилично долго време лансираше нова песна, која, иако можеби не е временски нова, сепак е вонвременска темата што ја обработува самата песна

НАЈЧИТАНО

Легендарната битолска панк група „Чоканче“ по прилично долго време лансираше нова песна, која, иако можеби не е временски нова, сепак е вонвременска темата што ја обработува самата песна.

Плусинфо разговараше со фронтменот на бендот, Бранко Шпољариќ – Паљач, кој ни објасни дека целата 30-годишна историја на Македонија е опишана во 5-минутниот музички запис „Игра рок ен рол цела Македонија“.

– Во 5 минути успеавме да го опишеме секојдневието и суровата реалност во секој град во Македонија. Дрога, силикони, малограѓанштина, корупција, изгубени генерации, интелектуален егзодус, уништен здравствен и школски систем, политичко историска социјална мизерија, колапс на сѐ. Песната е напишана пред неколку години, ама е вонвременска, бидејќи состојбата е иста и ништо нема да се смени. Така вели и последниот стих: „Ништо нема да се смени и ти нема да се смениш. Ќе останиш пијаница и нема да се жениш“ – ни изјави Паљач.

Песната е снимена во студиото на Владко Симоновски, снимател и продуцент е Владко Симоновски. Тапаните ги сними Иле Лулевски, гитарата е на Зоран Илиевски – Скроч, вокал Бранко Шпољариќ – Паљач, басот е на Крсте Симоновски – Крчо, гитара Игор Беговски – Ќебап.

Во продолжение, слушнете го музичкиот запис:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО