22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Левица се оградува од насилството на протестите

НАЈЧИТАНО

Откако вчера квислингшката власт се соочи со искрениот револт на народот, сега таа власт се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите – во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил, соопшти Левица.

„Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигнаа информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Сѐ со цел, да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, за да ги оправдаат нивните полициско – репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства. Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадување од страна на еден тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту, пак, фрлаа со тврди предмети – а така ќе биде и на денешниот протест. Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности. СДС нема никаков легитимитет да говори за насилство на протести – затоа што сиот народ е свесен на каков начин дојдоа на власт! Кога неправдата станува закон – отпорот станува должност. Продолжуваме до пад на хибридниот режим“, соопшти Левица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО