26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Левандовски: Нешто умре во мене

НАЈЧИТАНО

Роберт Левандовски и Баерн Минхен повеќе не одат заедно. Така барем мисли полскиот репрезентативец и во последните неколку години најдобар стрелец на Стариот континент.

Левандовски во текот на сезоната во неколку наврати изјави дека сака да го напушти Баерн, иако има уште една година договор со гигантот од Минхен. Сега повторно потврди.

„Само сакам да го напуштам Баерн. Почитта е поважна од работата. Се надевам дека ќе седнеме и заедно ќе најдеме решение“, изјави Левандовски.

Клубот со кој најчесто се поврзува Полјакот е Барселона. Сепак, Баварците од друга страна не сакаат да го пуштат Левандовски. Ова го изјави претседателот на Баварците Херберт Хајнер.

„Нешто умре во мене. Сакам да го напуштам Баерн, повторно да најдам чувство на задоволство во фудбалот“, изјави Лева.

Полјакот во Баерн пристигна во 2014 година од Борусија Дортмунд. Со Баварците освои осум титули во националниот шампионат и една Лига на шампиони. На 253 натпревари постигна неверојатни 238 гола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО