14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Левандовски и Бернардо Силва се селат во Шпанија

НАЈЧИТАНО

Фудбалерот на Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандовски и играчот на Манчестер сити, Португалецот Бернардо Силва, ќе потпишат до крајот на оваа недела договори со шпанскиот гигант Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат денеска дека преговорите меѓу Барселона и Баерн околу трансферот на Левандовски конечно тргнале во вистинска насока.
Левандовски има договор со Баерн со јуни идната година, но баварскиот клуб би можел да се согласи за предвремен прекин на соработката за сума од 50 милиони евра, плус бонуси.

Паралелно со ова, медиумите во Шпанија наведуваат дека каталонскиот клуб веќе постигнал договор со Сити околу трансферот на Силва, кој ќе се пресели во Барселона за сума од 80 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО