27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Лансиран Фалкон 9, јаболка, кромид и домати пристигнуваат за астронаутите на вселенската станица

НАЈЧИТАНО

Американската компанија SpaceX ја лансираше во орбитата ракетата Falcon 9, наменета за снабдување на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Ракетата „Фалкон 9“, на чиј врв е товарната капсула „Драгон“ без екипаж, беше лансирана во 20 часот и 44 минути по локално време од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида, јавува Анадолија.

Тоа е 25-та ваква мисија, позната како CRS-25, која ќе испорача повеќе од 2.630 килограми научна опрема и потреби за секојдневниот живот на ISS. Мисијата ќе поддржи повеќе од 30 тековни истражувања.

Екипажот на ISS ќе добие и свежа храна.

„Испраќаме јаболка, портокали, чери домати, кромид, моркови, лук, таан, сирење и колбаси“, рече заменик-програмскиот менаџер на ISS, Дана Вајгел.

Товарната капсула Dragon треба да стигне до екипажот на ISS во следните 36 часа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО