23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Лавров тврди дека повеќе од милион луѓе се евакуирани од Украина во Русија

НАЈЧИТАНО

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од Украина во Русија од 24 февруари, изјави во саботата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Меѓу тие 1,02 милиони, 120.000 странци и жители беа евакуирани од отпадничките украински проруски региони Доњецк и Луганск.

Според ОН, повеќе од 5,4 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Во изјава за руската новинска агенција Ксинхуа, Лавров рече дека 2,8 милиони луѓе досега побарале евакуација во Русија.

Украина тврди дека Москва насилно депортирала илјадници луѓе во Русија.

Напорите за евакуација на цивилите од првите борбени линии, вклучително и од Мариупол, неколкупати пропаднаа, а едната страна ја обвинува другата.

Доколку САД беа искрено заинтересирани за решавање на украинската криза, ќе престанеа да испраќаат оружје во Киев, рече Лавров.

„Со јавна поддршка на режимот во Киев, земјите од НАТО прават се што можат за да го спречат крајот на операциите со политички договор“, рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО