22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Лавров: Русија е подготвена да размени затвореници со САД

НАЈЧИТАНО

Русија во петокот соопшти дека е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечките дипломатски канали, еден ден откако кошаркарската ѕвезда Бритни Гринер беше осудена на девет години затвор за нелегално поседување дрога.

Подготвени сме да разговараме на оваа тема, но во рамките на дипломатскиот канал договорен меѓу претседателот Владимир Путин и Џо Бајден“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Доколку Американците, додаде тој, решат уште еднаш да посегнат по јавна дипломатија, тоа е нивна работа, дури и ќе кажам дека тоа е нивен проблем.

Кремљ претходно ги предупреди САД да не прибегнуваат кон „мегафон дипломатија“ во случајот Гринер, тврдејќи дека тоа може само да ги загрози напорите за обезбедување потенцијална размена.

Пресудата за Гринер, која Бајден ја нарече „неприфатлива“, би можела да го отвори патот за размена на американско-руски затвореници во која ќе се вклучат 31-годишниот спортист и познат руски трговец со оружје.

Соединетите држави веќе направија, како што државниот секретар Антони Блинкен ја нарече „значајна понуда“ за да се обезбеди ослободување на Американците притворени во Русија, вклучително и Гринер и поранешниот маринец Пол Вилан.

Гринер, двократна освојувачка на златни олимписки медали и ѕвезда на најсилната женска кошаркарска лига во светот, ВНБА, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром Шеремејево, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од хашиш, потсетува Ројтерс.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО