22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Лавров: Географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат не само територијата на Донбас, туку и бројни други територии

НАЈЧИТАНО

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска изјави дека географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат не само територијата на Донбас, туку и бројни други територии, пренесе Бета.

– Географските задачи на руската специјална воена операција во Украина се сменија – веќе не се работи само за Луганск (ЛНР) и Доњецката Народна Република (ДНР). Една од причините за тоа е испораката на американските повеќецевни ракетни лансери ХИМАРС на Киев – рече Лавров во интервју за државната агенција РИА Новости и Раша Тудеј (РТ).

Според него, задачите поставени од рускиот претседател Владимир Путин сè уште се во сила, а тоа се „денацификација и демилитаризација“, во смисла да нема воени закани од територијата на Украина.

– Кога имаше состанок на преговарачите во Истанбул, постоеше една географија и нашата подготвеност да го прифатиме украинскиот предлог се базираше на таа географија, на географијата од крајот на март 2022 година – рече рускиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека сега географијата е „поинаква“.

– Далеку од тоа дека се само ДНР и ЛНР, тоа се и Херсонската област, областа Запорожје и голем број други територии, а тој процес продолжува и продолжува, постојано и упорно – рече Лавров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО