22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Лавров вели дека ЕУ ги уништила добрите односи со Русија кои се градени со години

НАЈЧИТАНО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса“ меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина.

– Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта – изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат, додаде тој.

Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат.

– Европската Унија ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ – рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва е сè уште отворена за преговори.

– Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори – рече Лавров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО