8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

„Куклата на Путин“ вели дека во Лондон биле „сите најважни луѓе“

НАЈЧИТАНО

Русија требало да го искористи погребот на кралицата Елизабета и да фрли нуклеарна бомба во Лондон, бидејќи „сите најважни луѓе биле таму“, смета руската ТВ-водителка Олга Скабеева, позната и како „Куклата на Путин“. Нејзиниот одговор доаѓа како коментар на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го предупреди својот руски колега да не помисли на користење нуклеарно оружје.

Видеото од емисијата се прошета по социјалните мрежи.

 

 

Андреј Гуруљов, застапник на руската Дума, рекол дека Бајден „зборува глупости“.

– Требаше тоа да го направиме тоа денеска, кога е погребот на кралицата. Сите најважни луѓе се таму – одговорила водителката на емисијата, Олга Скабеева.

Во текот на емисијата Скабеева и гостите се согласиле и дека „Велика Британија е причина за целото зло“.

– Бог нека ми прости, но кога Велика Британија ќе ја претвориме во пустина како Марс, дали таа пустина ќе биде одбранета од НАТО сојузот? Ништо нема да остане од неа. Како ја нарекуваат – неостварлив остров? Сите ќе потклекнат. Велика Британија исто е нуклеарна сила и има многу нуклеарно оружје, но нивните 245 нуклеарни боеви глави веднаш би биле уништени и во таа смисла сме многу помоќни – во еден момент воскликнал Гуруљов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО