2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

„Кроација рекордс“ го реиздаде легендарниот винил на Леб и Сол

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија. По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа „Croatia Records“ го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот што остана актуелен до ден денес, повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина, „half speed“ технологија, во студиото „Abbey Road“ во Лондон.

„Освен „half-speed“ мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од „Croatia Records“ и придружни текстови. Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ од 1983 и „Тангента“ од 1984, издадени за „Југотон“, следеше „Звучни зид“ од 1986 година, албум со песни што во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa. Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание, секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант“, пишува во соопштението.

Бендот, за да го максимизира потенцијалот на новиот материјал, во состав на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

„Целиот материјал е снимен во познатото „М-2“ студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Бијело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум, меѓу другите, беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. Со ова издание, „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори“, пишува во соопштението.

Винилното реиздание на „Као какао“, фановите од државава можат да го нарачаат онлајн, преку веб-продавницата на „Croatia Records“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Руски новинар осуден во отсуство на осум години затвор за „лажни вести“

Истакнатиот руски новинар Александар Невзоров во средата беше осуден во отсуство на осум години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за...

„Јокиќ е кошаркарска поезија“

Американскиот коментатор не го криеше ентузијазмот за играта на кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ. Репрезентацијата на Србија одигра уште еден фантастичен натпревар - во победата...

Папата Франциско ги повика граѓаните на Конго да им простат на оние кои им згрешиле

Папата Франциско ги повика граѓаните на Конго да им простат на оние кои им згрешиле, обраќајќи им се на масата од околу еден милион...
spot_img
spot_img
spot_img