Кривичниот суд Скопје в понеделник повторно ќе донесе пресудата за предметот „Титаник 2“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Кривичниот суд Скопје в понеделник повторно ќе донесе пресудата за предметот „Титаник 2“. Во одлуката за укинувањето на првата пресуда и за враќање во прв степен, Апелациониот суд даде јасни мошне прецизни насоки за повторното судење. За жал, обвинителот Гаврил Бубевски ги игнорираше тие напатствија и во повторното судење.  Останува да се види дали судијата Огнен Ставрев ќе ги почитува насоките од скопска Апелација или по втор пат ќе го сврти ‘рбетот и ќе се придружи кон конструкциите на кои се потпира овој предмет.

„Титаник 2“ заплови со погрешен курс од самиот почеток

СЈО го стартуваше предметот „Титаник 2“ со помпезна прес конференција за отварање на истрага на 12 февруари 2016 година.

Предметот се однесуваше на прегласувањето на избирачкото место 1727 во Струмица на локалните избори во 2013 година. По добиен приговор од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ДИК со четири гласа „за“ и три „против“ го усвојува приговорот и потоа предметот по жалба оди на Управен суд. Управниот суд, после разгледувањето, го потврдува решението на ДИК како основано и го враќа предметот, па ДИК носи едногласна одлука со 7 гласа „за“, вклучувајќи ги и членовите на СДСМ.

Предметот е инициран откако СЈО доаѓа до неколку разговори од кои вадат од контекст еден помеѓу Сашо Мијалков и Мендух Тачи. Тој разговор, според нив, докажувал дека одлуката на ДИК била донесена спротивно на законот и само поради влијанието од тој разговор, иако ДИК по закон е обврзан да донесе одлука со која ќе прифати или одбие приговор.

СЈО покрена обвинение на 29 јуни 2017 година, а првично беа опфатени и петмина судии на Управниот суд, но за нив обвинението отпадна. На обвинетите на товар им се ставаше штета врз буџетот во висина од 26.000 денари или нешто повеќе од 400 евра. Поедноставено, секој од обвинетите се гонеше за штета од околу 4.500 денари предизвикана со прегласувањето.

Првостепена пресуда, беше изречена на 8 март 2019 и со неа Кривичниот суд неправосилно го осуди Сашо Мијалков на 3 години затвор, а лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеца. Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, а Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по 3 години затвор.

Тачи, Ибраими, Сајковски, Срцев и Стефановска беа судени за злоупотреба на службената положба и овластувањата, а Тачи дополнително и за поттикнување, додека Мијалков беше суден за примање награда за противзаконито влијание.

Во декември пред три години беше донесена и второстепената пресуда, со која предметот се врати назад и тогаш првостепениот суд доби шанса да ја исправи неправдата.

Ушите на СЈО сѐ уште им се црвени од „заушката“од Апелација

Кога стигна првостепената пресуда во Апелација, коњите на Катица Јанева пак се претворија во глувчиња, а кочијата во тиква. Празнотијата на обвинението и промашувањето во пресудата не можеа да се скријат.

Тежок дебакл и за основниот суд и за обвинението беше тогашното образложение на Апелација.

Веќе пишувавме дека Апелација констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Жалбениот совет констатирал дека утврдените факти што го чинеле законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази. Воедно, првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка.

За да нема забуна и за да не се повторува истиот срам, Апелација дава кристално јасни насоки до Јавното обвинителство и Кривичниот суд за натамошно постапување по предметот.

Еве што точно се вели во насоките:

  • При повторното постапување, првостепениот суд, имајќи го предвид сето она што е погоре наведено, да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 451 став 1 од ЗКП, повторно да ги цени изведените докази поединечно и во склоп на една целина, па врз основа на изведениот доказен материјал, правилно да ги утврди сите решителни факти во предметот како предуслов за правилна фактичка состојба и со правилна примена на материјалното право да донесе правилна и законита одлука.
  • Во таа насока, при повторна анализа и оцена на изведените докази, со сигурност да ги утврди фактите и околностите под кои се спроведувале изборите на ИМ 1727, правилно да ја цени содржината на поднесениот приговор за поништување на гласањето, на решението на ДИК, како и на пресудата на Управниот суд.

Со оглед на фактот дека во истрага на обвинетиот Бедредин Ибраими му биле презентирани и два други разговори за кои тој тврди дека даваат сосема поинаков контекст на случајот, а подоцна мистериозно исчезнале од предметот, Апелација дава прецизна насока:

  • Согласно праксата на Европскиот суд за човекови права, обвинителството е должно да ги обелодени сите материјали што ги поседува, а кои би можеле да му помогнат на обвинетиот, бидејќи одбраната има еднакво право на информација за сите докази во постапката кои ги поседува обвинителството, сѐ со цел да се добие целовитост и правилен контекст во која насока се водени телефонските разговори.

Апелација констатира дека првостепената пресуда е погрешна и во делот кој се однесува на разговорот на Мијалков со Тачи и констатира дека Тачи по закон не е одговорно лице за Мијалков да изврши влијание врз него за кое потоа би бил гонет. Апелација заклучува:

  • Таква можност да нареди како да се врши определено дејствие во државните институции не му е дадена на обвинетиот Мендух Тачи како претседател на партија, ниту со Статутот на партијата, ниту со кој било позитивен пропис и таквото дејствие е спротивно на неговата должност да го почитува Статутот на партијата каде што е одговорно лице.

Апелација во својата пресуда изразува зачуденост и околу постоењето соизвршителство меѓу членовите на ДИК, нагласувајќи дека во таа насока ниту се предложени, ниту се изведени докази од кои би произлегла заедничка волја за извршување на кривичното дело.

Напатствијата на Апелација се игнорираат и во повторената постапка

Наместо да го ремонтираат еднаш насуканиот „Титаник 2“ и да го насочат кон потопли мориња, или просто да се откажат од него, капетанот одлучил пак со истите аргументи да ги качи на бродот и обвинетите и судот и правдата и да тргне по истиот курс, надевајќи се дека овој пат сантата мраз ќе попушти.

Надлежниот обвинител си нарачал да свири оркестарот додека „Титаник 2“ плови кон кобната дестинација. Тој не понуди ама баш ниту еден нов доказ во предметот. Не ги понуди ниту двете снимки за кои Апелација наложува да бидат достапни на одбраната.

Единствениот трик на кој што се сетил тој, после шест години, е да ја промени квалификацијата на делото. Згора на тоа, „пресвртот“ се случи дури во завршни зборови на обвинителот. Тоа што членовите на ДИК и останатите обвинети заглавуваа во притвори заради претходната поостра квалификација, обвинителството сега не го засега.

Бубевски, очигледно, смета дека признанието за погрешно гонење, дури сега после шест години, е доволно за сега повторно да биде донесена осудителна пресуда, иако доказите се исти.

Повторно се игнорира член 31 од Изборниот законик, според кој Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и при спроведување на изборите во согласност со овој законик и врши надзор над работата на изборните органи. Поточно, ДИК ја контролира законитоста во работата на изборните органи и презема мерки кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, постапката на кандидирањето, спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и во спроведување на упатствата и препораките дадени од неа. Таа одлучува и по приговори врз основа на увид во изборниот материјал и други докази, ако има најмалку два приговора за соодветното избирачко место.

Се игнорира и член 151, каде се вели дека ДИК по службена должност, или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место ако избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик. Против решението може во рок од 24 часа од приемот на решението, да се поднесе тужба до Управниот суд преку ДИК, а тој е должен да постапи по тужбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Сите обвинети изнесоа сериозни аргументи во своја одбрана, а сега останува на судијата Огнен Ставрев да одлучи дали ќе ги почитува напатствијата на Апелација и ќе донесе ослободителна пресуда на непроменетата фактичка состојба, или можеби ќе дозволи „Титаник 2“ повторно да заринка, а со него и надежта дека можеби ќе гледаме повеќе правда во судниците, а помалку лоши, петпарачки  сценарија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img