2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Кремљ го поздравува мировниот предлог на Маск и тие регрутираа повеќе од 200.000 луѓе

НАЈЧИТАНО

Кремљ во вторникот го поздрави предлогот на шефот на Тесла, Илон Маск, за можен мировен договор за ставање крај на војната во Украина, откако Киев го критикуваше дека предложил услови што ги гледа како награда за Русија.

Милијардерот со јужноафриканско потекло предложи повторување на гласањето во анектираните региони на Москва, овој пат под надзор на Обединетите нации, по што Русија ќе се повлече во случај на негативен резултат. Маск исто така предложи Крим формално да стане дел од Русија, како што беше од 1783 година до грешката на советскиот лидер Никита Хрушчов. Во спорното соопштение тој повика и на неутрален статус за Украина
„Многу е позитивно што некој како Илон Маск размислува за мирен излез од оваа ситуација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Во споредба со многу професионални дипломати, Маск сè уште бара начини да постигне мир. А постигнувањето мир без исполнување на руските услови е апсолутно невозможно“, додаде тој.

Киев рече дека никогаш нема да се согласи да ја предаде територијата што е одземена насилно, а легални референдуми не можат да се одржат на окупирана територија каде што многумина се убиени или протерани.

Откако (рускиот претседател) Владимир Путин минатата недела објави анексија на четири украински провинции, Киев поднесе барање за членство во НАТО и нема да преговара со Русија додека Путин е претседател.

Во понеделникот Маск побара од корисниците на Твитер да гласаат за неговиот предлог за мир во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори со негово контрапрашање на таа социјална мрежа: „Кој Илон Маск го претпочитате? Оној што ја поддржува Украина или оној што ја поддржува Русија?“

До вторник напладне, околу 2,5 милиони луѓе одговориле на предлогот на Маск, а околу 60 отсто се противат на планот.

Песков во вторникот рече дека „ботови“ активно учествуваат во гласањето. Тој не понуди докази за ова, додава Ројтерс. Москва отсекогаш била отворена за преговори за ставање крај на конфликтот, нагласи Песков.

Тој го критикуваше новиот украински декрет, потпишан од Зеленски во вторникот, со кој формално се прогласуваат за „невозможни“ какви било преговори со лидерот на Кремљ, но ја остава отворена вратата за преговори со Русија.

Шојгу: Повеќе од 200.000 луѓе се регрутирани по декретот на Путин за мобилизација
Повеќе од 200.000 луѓе веќе се регрутирани во руските вооружени сили откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација пред две недели, изјави во вторникот министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Шојгу најави дека планира да регрутира 300.000 луѓе со претходно воено искуство, кои ќе ја поддржат руската инвазија на Украина.

Но, официјалниот декрет не вклучува бројки, а официјалните лица сакаат да ги смират стравувањата на јавноста дека реалната бројка би можела да биде поголема затоа што, наводно, луѓето се регрутираат неселективно.

Имаше извештаи за мажи без никакво воено искуство или одредена возраст потребна за мобилизација, кои добиле воен повик.

Ова дополнително го зголеми гневот, па забранетите антивоени демонстрации беа рестартирани.

Десетици илјади мажи кои сакаа да избегнат регрутација веќе побегнаа во странство, но јавноста и понатаму е загрижена дека мобилизацијата може да се прошири на уште повеќе луѓе.

Минатата недела Владимир Путин ги призна грешките во мобилизацијата и порача дека треба да се поправат.

Во вторникот, Шојгу рече и дека оние кои доброволно се борат не треба да се оттргнуваат без „сериозна причина“.

Министерството за одбрана на Телеграм напиша дека на средбата со други високи воени претставници му рекол на Шојгу дека припадниците на новите единици се обучуваат на 80 полигони и во шест центри за обука.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО