24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Крвната група која најмногу треба да се грижи за здравјето на вашето срце

НАЈЧИТАНО

Постојат крвни групи кои се повеќе изложени на ризик од срцеви заболувања.

Иако факторите на животниот стил можат да влијаат на срцевите заболувања, генетиката исто така игра значајна улога.

„Ако го приспособите вашиот животен стил и бидете активни и строги за тоа што јадете, можете да го намалите лошиот холестерол за околу 25% до 30%,“ вели др. Лук Лафин.

Но, останатото е генетски определено. И не можеме да ги смениме факторите на ризик како што се генетиката, семејната историја и стареењето.

Вежбајте за здравјето на срцето
Вежбањето е клучно за спречување на проблеми со срцето, дури и кај луѓе кои се генетски предиспонирани да добијат срцеви заболувања.

„Срцето е мускул на кој му треба вежбање. Постигнувањето на отчукувањата на срцето во зоната за аеробни тренинзи ја одржува оваа функција на пумпање на срцето или систолната функција“, вели др. Лафин, кој препорачува 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно.

„Но, уште поважно, редовната физичка активност може да доведе до намалување на крвниот притисок и стабилност на тежината. И кога аеробната физичка активност ќе стане навика, почнете да додавате тренинг со отпор користејќи мали тегови или шипки. Дури и два до пет пати неделно може да помогне во спречување на срцеви заболувања“.

Јадете според вашата крвна група
Не можете да ја промените вашата крвна група – но можете да ја промените вашата исхрана.

„Се фокусираме на медитеранска диета за оптимално здравје на срцето“, рече Џулија Зумпано, регистрирана диететичарка во Клиниката во Кливленд која работи во превентивна кардиологија.

„Медитеранската исхрана е богата со овошје и зеленчук, житарици, риба, екстра девствено маслиново масло, јаткасти плодови и семки. Ако почнете да јадете повеќе храна без месо, дефинитивно ќе се приближите до здравјето на срцето. Вклучувајќи грав, мешунки, секаков вид јаткасти плодови и семки, и производи без месо како тофу… Обично велам да започнете со еден оброк без месо неделно.

Редовно проверувајте го холестеролот
Опасно висок холестерол може да доведе до срцев удар и мозочен удар, затоа не заборавајте да го проверувате нивото на холестерол редовно после 20-тата година од животот, без оглед на ризикот од срцеви заболувања.

„Липидниот панел е едноставен, евтин тест на крвта за скрининг кој може да биде многу корисен во идентификувањето на пациентите со ризик од кардиоваскуларни болести“, вели д-р Лафин.

На оваа крвна група му треба најмногу грижа за вашето срце
Крвните групи А, Б или АБ се најподложни кога се работи за срцеви заболувања.

„Иако луѓето не можат да ја променат својата крвна група, нашите наоди можат да им помогнат на лекарите подобро да разберат кој е изложен на ризик за развој на срцеви заболувања“, вели д-р. Лу Ки, пренесува Нова.

„Добро е да ја знаете вашата крвна група на ист начин како што треба да ги знаете вредностите на холестеролот или крвниот притисок. Ако знаете дека сте изложени на поголем ризик, можете да го намалите ризикот со усвојување поздрав начин на живот, како што е правилна исхрана, вежбање и непушење цигари, на пример“, пишува Eatthis.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО