15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Кралицата Елизабета ќе слави 70 години на тронот

НАЈЧИТАНО

Британската кралица Елизабета планира следниот месец да присуствува на прославите на 70-годишнината на британскиот трон, соопшти денеска Бакингемската палата.

Деведесет и шестгодишната кралица, најдолговечниот британски монарх, во февруари одбележа седум децении од своето владеење, а на почетокот на јуни се одржува четиридневен „платинест јубилеј“.

Кралицата Елизабета е слабо подвижна, поради што повеќето од нејзините неодамна договорени јавни ангажмани се откажани, но Бакингемската палата објави дека кралицата планира да биде на повеќе настани.

Еден од нив е собир на кралското семејство кое им мавта на граѓаните од балконот на палатата. Но, кралицата одлучи нејзиниот син, принцот Ендру и внукот, принцот Хари, да не бидат таму овојпат.

„По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека овогодинашниот традиционален настап на балконот Trooping the Color ќе биде ограничен на нејзиното височество и на оние членови на кралското семејство кои моментално извршуваат официјални јавни должности во име на кралицата“, изјави портпаролот на палатата.

Извор од палатата рече дека оние што нема да бидат на балконот „ќе бидат поканети на други настани“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО