27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Кој треба да избегнува ладна храна?

НАЈЧИТАНО

Претерано разладените оброци и пијалаци не се погодни за секого, предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија.

– Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна и пијалаци, особено лете –  советува Круглова.

Таа смета дека студената храна и напитоците со мраз може да предизвикаат тн. „ладна главоболка”.

– Но, ова е прилично индивидуална реакција на употребата на ладна храна, потипично е тоа за луѓето склони кон главоболки. Важно е да се водите според вашите сопствени чувствителности – објасни нутриционистката.

Се разбира, човекот треба да се воздржува од студена храна и во случај на симптоми на настинка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО