14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Кој беше убиениот водач на Ал Каеда?

НАЈЧИТАНО

Во неделата наутро, Американците го убиле лидерот на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал Завахири, во напад на Кабул, Авганистан, што е најголемиот удар за милитантната група откако беше убиен нејзиниот основач Осама бин Ладен во 2011 година. Завахири беше убиен во напад со дрон.

Според информациите дадени од американски официјални лица, Завахири бил на балконот од неговата безбедна куќа кога дронот испукал два проектила кон него.

„Правдата е задоволена и овој терористички лидер го нема“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Кој бил убиениот Завахири?
Ајман ал Завахири беше водач на Ал Каеда и висок лидер на исламистичките организации кои организираа и извршуваа терористички напади во Северна Америка, Азија, Африка и Блискиот Исток. Египетскиот Завахири беше вториот и последен емир на египетскиот исламски џихад, често го нарекуваа десната рака на Осама бин Ладен, а биографите на Бин Ладен го опишуваат како вистинскиот мозок на Ал Каеда.

Завахири, египетскиот хирург за чија „глава“ САД понудија 25 милиони долари, помогна во координирањето на нападите од 11 септември 2001 година, во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе. Американските разузнавачи со голема сигурност утврдија дека убиениот е Завахири, изјави за новинарите висок претставник на администрацијата. Немаше други жртви. Во последниве години се појавија неколку гласини за смртта на Завахири, а долго време се зборуваше дека тој е во лоша здравствена состојба, пишува CNN.

Роден во 1951 година, Завахири израснал во богат кварт на Каиро, Египет, син на истакнат лекар и внук на познати научници. Неговиот дедо, Рабијаа ал-Завахири, бил имам на Универзитетот Ал-Азхар во Каиро. Неговиот прадедо, Абдел Рахман Азам, бил прв секретар на Арапската лига.

 

Завахири беше затворен поради неговата вмешаност во атентатот на египетскиот претседател Анвар Садат во 1981 година. Во тоа време, Завахири, млад лекар, веќе беше посветен терорист кој со години подготвуваше заговор да ја собори египетската влада.

Каков бил неговиот однос со Осама бин Ладен?
Завахири го напуштил Египет во 1985 година и заминал во Пешавар, Пакистан, каде што работел како хирург кој лекувал борци кои биле ангажирани со советските трупи во Авганистан. Таму, Завахири се сретна со Осама бин Ладен, истакнат лидер на муџахедините, кој исто така се приклучи на борбата во Авганистан.

Тие се зближиле поради фактот што и двајцата се Авганистански Арапи. По повторното обединување во Авганистан, Бин Ладен и Завахири се појавија заедно на почетокот на 1998 година за да го објават формирањето на Светскиот исламски фронт за џихад против Евреите и крстоносците, формално спојувајќи ги египетскиот исламски џихад и Ал Каеда. Во еден момент, Завахири беше личен лекар на Бин Ладен.

Кога Завахири почна да ја води Ал Каеда?
Завахири стана лидер на Ал Каеда откако американските сили го убија Бин Ладен во 2011 година. Тој беше постојано во движење откако започна инвазијата на Авганистан предводена од САД по нападите од 11 септември. Во еден момент, за влакно избегна американски напад на грубиот, планински регион Тора Бора во Авганистан, напад во кој загинаа неговата сопруга и децата.

Завахири не бил харизматичен лидер како Бин Ладен, според аналитичарот за национална безбедност на CNN, Питер Берген.

„Тој не се покажа како многу компетентен водач на Ал Каеда, но причината поради која мислам дека беше убиен во Авганистан во текот на викендот е затоа што почна да презема многу повеќе ризици. Така, тој стануваше се поистакнат. И, мислам, ми се чини дека тоа би можело да биде причината поради која е откриен“, изјави Берген.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО