7.9 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Која е тајната на нејзината здрава коса?

НАЈЧИТАНО

Во песната којашто ќе ја претставува Србија на годинешниот Евросонг, посебно внимание привлече еден стих. А, сега конечно е одговорено прашањето што цела Србија постојано го пее последните недели. Тајната на здравата коса на Меган Маркл не е толку тајна.

Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија, во својата песна „In corpore sano“ поставува јасно прашање – Која е тајната на здравата коса Меган Маркл? Одговорот дојде ни помалку ни повеќе туку од нејзиниот личен фризер Џорџ Нортвуд.

„Еден од моите препознатливи стилови се „недовршените“ бранови. Така, косата изгледа шик и природно без многу напор. Изгледа природно, па така остава впечаток на здрава коса, бидејќи може да сокрие многу недостатоци“, изјави фризерот.

„Добар спреј за волумен или текстура може да биде одлична основа за стилизирање. Без разлика дали вашата коса е во добра состојба или не, користењето производ за зголемување на волуменот пред обликувањето ќе даде илузија за погуста, поздрава коса. Пеглата за рамнење на косата може да предизвика насобирање статичен електрицитет во опуштената коса и ќе ја отстрани сета природа од фризурата, додека фигаро додава волумен“, објасни тој за британските медиуми.

Констракта претходно откри зошто во виралниот хит пее за косата на војвотката од Сасекс.

„Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната, бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса. Таа има поубава коса и од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни капи, а Меган убава коса. И Меган е исто така прогонета, а ние ги поддржуваме прогонетите луѓе“, изјавила Констракта за „Курир“.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО