5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Копилотката од несреќата во Непал сакала да продолжи по патот на својот сакан

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ању Кативада, ко-пилотка во страотната авионска несреќа од неделата во Непал го загубила својот сопруг на сличен начин. Тој загинал во авионска несреќа 16 години претходно управувајќи авион за истата компанија, Јети ерлајнс, пишува Би-Би-Си. Неговата смрт ја поттикнала Ању да ја продолжи својата кариера, која останала сама со малото дете.

– Таа беше решителна жена која се залагаше за своите соништа и ги исполни соништата на нејзиниот сопруг – рече член на семејството Сантош Шарма.

Сопругот, Дипак Покрел, се наоѓал во пилотската кабина на авион кој превезувал ориз и храна во западниот град Џумла кога авионот се урнал и се запалил во јуни 2006 година, при што загинале сите девет лица во леталото.

Четири години подоцна, Ању била на пат да стане пилотка, надминувајќи многу пречки за да тренира во САД. Откако се квалификувала, таа се приклучи на Јети ерлајнс. Била една од шесте жени во компанијата. Има вкупно летано близу 6.400 часови.

Ању подоцна се премажила и добила второ дете. Продолжила да ја гради својата кариера. Пријателите и семејството велат дека ја обожавала својата работа и било задоволство да се биде во нејзино присуство.

На местото на несреќата во Похара, делови од авионот кој Ању го копилотираше, лежат расфрлани на бреговите на реката Сети, како парчиња од скршена играчка. Мал дел од леталото лежи на самата клисура, прозорците се непроменети, а зеленото и жолтото од логото на Јети ерлајнс сè уште се гледа.

Со текот на годините, голем број фактори беа обвинети за лошата безбедност на авиокомпаниите во Непал. Планинскиот терен на Хималаите и непредвидливото време можат да бидат незгодни за навигација и често се наведуваат како причини за несреќите. Но, други ги посочуваат и застарените авиони, лабавите регулативи и лошиот надзор како подеднакво важни фактори.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата во неделата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Кина: Палењето на Куранот ја покажува лицемерието на некои западни политичари

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека чинот на палење на светата книга Куран во Шведска и во други земји...

Десет намирници кои ќе го одржат вашето срце здраво

Ако сакате да се борите со срцеви заболувања, има многу намирници што можете да ги вклучите во вашата исхрана за да го направите тоа....

Го прашавме докторот: Како да го намалиме ризикот од мозочен удар

„Мозочниот удар се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во мозокот, а мозочните клетки се влошуваат, односно умираат. Оштетувањето на мозочните клетки...
spot_img
spot_img
spot_img