13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

КООРДИНИРАН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И СВР ОХРИД ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

НАЈЧИТАНО

Со координирани активности на надлежните служби ќе се настојува да се решаваат комунално- сообраќајните проблеми во Охрид летово. Ова беше заклучено на денешниот работен состанок што Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески  го одржа со претставници од Локалниот инспекторат и од СВР – Охрид, непосредно пред официјалниот старт на летната туристичка сезона.

Со цел во  Охрид да имаме добра туристичка сезона и задоволни охриѓани  и гости полицијата и локалните инспектори од 1-ви јули заеднички ќе вршат контроли на терен во поглед на утврдување на неправилностите во работењето на угостителските објекти, бучавоста во градот, одржување хигиена на јавни површини како и   неправилности во поставувањето на урбаната опрема. На состанокот се разговараше и за проблемот со питачите кои најчесто се од други градови во државава, а доаѓаат во Охрид во време на летната туристичка сезона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО