9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Концерт во рамки на Есенски музички свечености 2022

НАЈЧИТАНО

Во рамки на манифестацијата Есенски музички свечености 2022 вечерва во Музејот на македонската борба ќе се одржи концертот „Вивалдијада.

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност, ќе настапи оркестарот „Полифонија со гости професори од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј и солистите: Ивана Здравкова, Бојана Митковска, Александар Ицковски, Филип Гечовски, Алек Гравчевски, Јосипа Василевска и Барбара Гиноска.

Според програмата, Алек Гравчевски – соло фагот ќе настапи со Концерт за фагот и оркестар во а-мол (RV 497), Јосипа Василевска – соло флејта со „Allegro – La Tempesta di Mare (op.10 no.1), а Барбара Гиноска – соло флејта со „Allegro od ill Gardelino (op.10 n.3).

Филип Гечовски – соло гитара ќе настапи со Концерт за лаута, две виолини и континуо во Де-дур (RV 93), Александар Ицковски – соло виолончело со Концерт за виолончело и оркестар во Це-дур (RV 399), а Ивана Здравкова и Бојана Митковска – соло виолини со Концерт за две виолини и оркестар во а-мол (RV 522 op.3 no. 8).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО