20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Константини и Мозанер го освоија првиот олимписки медал во карлинг

НАЈЧИТАНО

Стефанија Константини и Амос Мозанер и го донесоа на Италија првиот олимписки медал во карлинг, откако во денешното финале во мешани двојки на Игрите во Пекинг ги совладаа Кристин Скаслиен и Магнус Недреготен од Норвешка со 8-5.

Норвешките сопружници подобро го отворија натпреварот и поведоа со 2-0, за во следните три „енда“ Италија да наниже шест поени за водство од 6-2.

Освојувачите на бронзениот медал од Игрите 2018 во Пјонгчанг навестија пресврт и пред последниот „енд“ го намалија заостанувањето на 5-7, но Константини и Мозанер со одлична тактика ја одбранија предноста и го освоија златото.

Во натпреварот за бронзениот медал, Шведска ја совлада Велика Британија со 9-3.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО