7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Конкурс за филмски сценарија

НАЈЧИТАНО

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје и ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ распишуваат конкурс за филмски сценарија.

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани независно од нивната возраст, а крајниот рок е 15 април оваа година. Како што соопштија организаторите, секој автор може да испрати неограничен број свои сценарија. Исто така, нема никакви ограничувања ниту за темата, ниту за формата и обемот на сценаријата.Филмските сценарија потпишани со името и презимето на авторот и негова кратка биографија, треба да се испраќаат на следниов мејл: info@macedoniapresent.mk, со напомена: за Конкурсот за филмски сценарија.

Авторите на најдобрите сценарија ќе ја добијат наградата „Скрипт фест 2022“, а наградите ќе бидат врачени на Фестивалот на филмски сценарија „Скрипт фест 2022“, што ќе се одржи во мај во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО