22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

НАЈЧИТАНО

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

Услови за учество на Конкурсот:

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
Краен рок за доставување на трудовите е 29.07.2022 г.;
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 05.08.2022 г.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Доставените трудови не се враќаат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО