2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Конечен договор на СОНК и на МОН се очекува да се постигне во петок

НАЈЧИТАНО

Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на својата фејсбук-страница по денешната двочасовна средба со претставници од МОН, која се одржа во седиштето на СОНК  и во рамки на дополнителните десет дена рок за помирување.

– Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13 мај 2022 година, за кога е закажана и следната средба – наведува СОНК во објавата на Фејсбук.

Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО