More

    Кому ќе му преседне вечерата кај Рама

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Откако сите албански политичари во неделата потврдија дека ќе присуствуваат на свечената вечера кај албанскиот премиер Еди Рама, закажана за во вторник, аналитичарите во Скопје мака мачат да откријат за што ќе се разговара и што е целта на овој втор голем сеалбански собир.

    Медиумите потсетија дека првата ваква средба, којашто се одржа на 7 јануари 2017 година, го промени текот на македонската политичка историја. Тогашниот и сегашен премиер на Албанија ги собра лидерите на овдешните Албанци, за да ги договорат условите под кои партиите од албанскиот блок ќе влезат во идната влада. На штотуку завршените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ, но лидерите на Албанците како услов за влез во Владата го поставија исполнувањето на точките во платформата која беше наречена Тиранска. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги одби условите и потоа мораше да замине прво во историјата, а потоа и во Будимпешта.

    Никој не смее на Ахмети да му плукне во чорбата

    Самитот кај Рама доаѓа во време на големи внатрешни конфликти во албанскиот политички блок во Македонија, а од неодамна и во ДУИ. Високо на политичката агенда во Скопје се и идејата за предвремени во Македонија, како и најавените уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

    Албанските партии во Македонија поставуваат свои услови за прифаќање на уставните измени. Лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, преговара за влез во Владата. Билал Касами, првиот човек на Беса, заговара предвремени избори, во надеж дека ќе ја победи ДУИ на Али Ахмети.

    Портпаролот на Беса изјави дека партијата не сака да седне на иста маса со Али Ахмети.

    – Ние позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не сметаме дека е разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси – изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.

    Во Мала Речица во текот на денот владееше молк. Добро упатен извор му кажа на Плусинфо дека Али Ахмети ќе го потврди своето присуство на средбата дури откако ќе добие гаранции од домаќинот дека никој нема среде вечера да му плукне во чорбата. Доцна попладнето ДУИ потврди дека ќе присуствува на средбата.

    – Се работи за празничен вечерен прием, коктел, а не за работен состанок со утврдена агенда. Да, поканети сме и ќе учествуваме – одговориле од ДУИ на прашање на телевизија Телма.

    Што ќе биде изненадување на вечерата?

    Некои аналитичари веруваат дека Рама лесно ќе ги совлада меѓусебните тензии меѓу албанските политичари од Македонија и уште пред да биде сервирано главното јадење од сите ќе добие уверување за безусловна поддршка на евроатланскиот процес во Македонија и глас за промена на Уставот без непотребни уценувања од албанска страна.

    Но, ќе има ли изненадување на вечерата?

    Малкумина веруваат дека на вечерата ќе се разговара само за теми какви што се ЕУ и ситуацијата на Косово и дека нема да се разговара за крупните недоразбирања во албанскиот политички блок. Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, на пример, вели дека Али Ахмети оди во Тирана за да добие поддршка од Еди Рама.

    – Од средбата со Рама, додава Хајредини, корист и разбирање од него очекува само „лидерот“ кој, како никаде во светот, за самиот да се спаси од одговорност, со закон го забранил објавувањето на кривични дела за криминал и корупција, кои произлегуваат од тајните прислушувања. Нема сомневање дека и Рама оваа средба ја свикал за оваа цел – коментира Хајредини.

    На Ковачевски не му е познато менито

    Во страв од нова Тиранска платформа, некои медиуми се обиделе да дознаат зошто на вечерата не е повикан македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

    – Можеби затоа што се храни во студенстки мензи, како што можевме за забележиме на социјалните мрежи и во медиумите – се шегува еден аналитичар Албанец.

    Малку посериозно е прашањето дали коалицискиот партнер Али Ахмети го информирал Ковачевски за агендата за средбата во Тирана. Но, како што е познато, на Балканот вистината секогаш е преценета. Што точно ќе се случува на вечерата кај Еди Рама и кому таа ќе му преседне, ќе видиме по враќањето на албанските асови дома, во Македонија.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img