7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Компаниите за неживотно осигурување исплатиле над 45.000 штети од кои осигурениците наплатиле 32,9 милиони евра

НАЈЧИТАНО

Компаниите за неживотно осигурување исплатиле над 45.000 штети од кои осигурениците наплатиле 32,9 милиони евра во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период минатата година бројот на исплатени штети пораснал за 28 отсто додека нивната вредност во истиот период е повисока за 4 отсто, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Над 18.000 штети осигурителните друштва исплатиле на клиенти кои барале обештетување за медицински трошоци покриено со нивното приватно здравствено осигурување.

– Годинава, за првпат во историјата на осигурувањето, се случува дури 40 отсто од бројот на сите исплатени штети да бидат за приватно здравствено осигурување. Тој податок е индикатор што јасно укажува на популарноста на овој тип доброволно осигурување, но истовремено и на неговата прекумерна употреба од страна на осигурениците – велат од Агенцијата.

Очекувано, најголем износ на средства компаниите исплатиле за штети покриени со осигурување од автомобилска одговорност. Кај оваа задолжителна класа осигурување, која е и најмасовна, осигурителните друштва го превземаат ризикот да ги платат штетите ако нивниот осигуреник е виновен за материјална штета при сообраќајна незгода или несреќа. Друштвата за неживотно осигурување во првата половина годинава исплатиле 18,2 милиони евра со кои покриле 14.820 оштетни побарувања.

Во овој период за осигурување имот се исплатени 4,7 милиони евра. При тоа бројот на исплатени штети е намален за 11,5 отсто, а исплатениот износ е речиси идентичен како истиот период лани.

За каско осигурување возила компаниите исплатиле 4 милиони евра и тоа е за 11 отсто повеќе од минатата година.

-Најголем раст на вредноста на исплатените штети има кај патничкото осигурување. Осигурителните друштва платиле 398.000 евра или 2,7 пати повеќе за обештетување штети при патувања на наши државјани надвор од земјава. При тоа бројот на исплатени штети надминал 900 и тоа е за 3 пати повеќе од истиот период во 2021 година.

Во овој период штети исплаќале сите 11 друштва за неживотно осигурување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО