14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Комисијата за заразни болести ќе му предложи на Министерството за здравство да се врши здравствен надзор врз лицето од Кичево кое одби да се тестира

НАЈЧИТАНО

Комисијата за заразни болести(КЗБ) ќе му предложи на Министерството за здравство да се врши здравствен надзор врз лицето од Кичево кое одби да се тестира. Ова беше изјавено на денешната пресконференција на Комисијата. Портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ очекува разрешница на случајот во наредните денови. Според КЗБ, нема простор за паника.

– Очекуваме во текот на наредните денови, согласно тоа постапување да имаме разрешница – изјави портпаролот на КЗБ Злате Мехмедовиќ, кој појасни дека со овој предлог и со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и МВР ќе биде лоцирано лицето и ќе биде тестирано.

 

Во однос на вториот случај за којшто се покажа дека е негативен, исконтактирани се лицата кои биле во близок контакт со него уште пред да се направи тестот, но со тоа што резултатот е негативен, од Комисијата велат дека нема потреба од спроведување на понатамошни мерки.

Во Институтот за јавно здравје, како што соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Петличковски има околу 3.300 тестови за мајмунски сипаници. Тој појасни дека доколку некој има симптоми на мајмунски сипаници, првично треба да го контактира матичниот лекар, а потоа ако има сомнеж за присуство на сипаниците ќе биде препратен на Инфективната клиника, на соодветен начин.

– Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустили можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите – додаде Петличковски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО