9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки

НАЈЧИТАНО

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8 отсто.

„Констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, наведено е во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО