Комеморација во МНТ во чест на Катерина Крстева

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во НУ Македонски народен театар денеска ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.

– Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа – соопштија од НУ Македонски народен театар.

Крстева е родена во 1938 година. Како актерка прво била вработена во Драмскиот театар, за во 1964 година да премине во МНТ, каде останува се до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан”, премиерно прикажана во 1965 година.

Нејзини позначајни улоги во МНТ се во претставите „Антица” (1965), „Градскиот саат” (1966), „Ревизор” (1966), „Стапица за осум беспомошни жени” (1966), „Време од вашиот живот” (1967), „Сенка” (1967), „Вител” (1968), „Мајка” (1968), „Без вина виновни” (1968), „Бања” (1968), „Печалбари” (1969). Била дел од „Играта на наредникот Мазгрејв” (1969), „Парите се отепувачка” (1970), „Живиот труп” (1971), „Херкул и оборите на Авгиј” (1971), „Коштана” (1971), „Зајдисонце” (1971), „Фома” (1972), „Животот на Галилеј” (1972), „Децата на сонцето” (1973), „Скуп” (1973), „Хелдерлин” (1973), „Ѕидот, водата” (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот” (1975), „Хеда Габлер” (1976), „Отепвачка” (1976), „Бесови” (1978), „Кенгурски скок” (1979), „Милион маченици” (1980), „Остен” (1981), „Молскавици” (1981), „Граѓанинот благородник” (1982), „Воена тајна” (1984), „Бог” (1984), „Слободни врски” (1984), „Иванов” (1984), „Аудиенција и под нов покрив” (1988), „Рекламна бајка” (1989) и последната „Крик” (1991).

На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите „Хихирику”, „Театарче лево коше”, „Трст виа Скопје”, „Македонски народни приказни”, „Поштар”, „Простодушна љубов”, „Погрешно време”, „Битолски лакрдии”, „Волшебното самарче”, „Шеќерна приказна”, „Учителот”, „Милион маченици”, „Едно лето”, „Случки од животот”, „Тврдокорни”, „Пред дождот”, „Во светот на бајките”, „Агенција осамени срца”, „Време за плачење”, „Мост” и други.

Меѓу последните улоги и се оние во „Преспав” и „Дедо и внук”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Силен ветер во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа. „Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната...

Пендаровски вели дека територијалните претензии станале секојдневие

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендародвски во реакција на...

Пронајдени се живи четворица исчезнати на Кожуф

„Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img