16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Колумбија скапо го плати договорот со Ескобар, колку ќе плати Македонија за договорот со македонската крими империја???

НАЈЧИТАНО

Кон крајот на 80-тите години од минатиот век ПАБЛО ЕСКОБАР под притисок на властите прифати да оди во затвор, кој тој самиот ќе го изгради. Со оглед на фактот дека богатстовото на Ескобар се проценувало на повеќе од 50 милијарди долари, тој си изградил затворот „Ел Патрон“ всушност луксузно одморалиште кое било обезбедувано од стотици полицајци.

Но нашите осудени криминалци го зезнале и Пабло Ескобар, додека Ескобар градел луксузен затвор, македонските „империјалисти“ се сместиле во веќе готов затворски објект во струшкото село Теферич, но за да можат да уживаат во нивниот луксуз од нелегално стекнатите милиони, решиле да ја реновираат внатрешноста на затворскиот комплекс по примерот на Пабло Ескобар…

Тупанчески ја тупи!!!

Министерот за правда Тупанчески излезе со штура изјава дека требало да се промени начинот на доделување на жителство, за да немало затворски (аван)Туризам?!

Но за да не се доведе државата некој и понатаму да ужива луксузни привилегии, доволно е министерот да го посети затворот во Теферич, за да виде во каков луксуз живеаат неговите осудени криминалци, да погледне во луксузно паркираните милионски возен парк пред затворот во Теферич, да ја провери работата на затворската полиција, но и да провери колку осуденици преспиваат во неговиот авантуристички затворски комплекс???

И пред правдата има голема разлика, покрај тоа што јавна тајна претставува фактот дека секоја пресуда има и своја цена во нашето „независно“ судство, тогаш не е воопшто чудно што имаме зависен затворски систм од евро валута..

Колумбија ја плати цената која произлезе од договорот со Пабло Ескобар, која ќе биде цената која ќе ја плати Македонија од договорот со македонската криминалистичка олигархија???

С.Д.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО