4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини.

Елвис Франсоа (47) напишал „помош” на англиски јазик на платформата. Пловилото било забележано од воздух на 120 наутички милји северозападно од полуостровот Гвахира, па Франсоа бил спасен и однесен во пристанишниот град Картагена. Франсоа им рекол на колумбиските власти дека неговото патешествие почнало во декември, кога струите ја однеле неговата едрилица во морето додека ја поправал на островот Сент Мартин на Холандските Антили, каде што тој живее, се вели во соопштението на колумбиската морнарица.

– Ги повикав пријателите и тие се обидоа да контактираат со мене, но го изгубив сигналот. Немаше што друго да правам освен да седам и да чекам – рече Франсоа во видеото потоа.

 

Според надлежните, иако бил изнемоштен, тој бил во добра здравствена состојба кога го пронашле.

Во видеото Франсоа зборува и за тоа како морал постојано да ја отстранува водата од чамецот за тој да не потоне. Се обидел да запали и оган за да испрати сигнал за помош, но не успеал. Бил забележанн од авион.

– Во еден миг изгубив надеж и размислував за моето семејство – вели Франсоа.

Франсоа веќе ги мина медицинските прегледи и е на пат до Доминика.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img