24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Кога си глупава опозиција, тогаш си осуден да останеш таму!

НАЈЧИТАНО

Премиерот на Албанија, Еди Рама вчера упати критики кон македонската опозиција, откако уште еднаш предизвика внимание со својата позната иронија која ја кажа при фотографирањето со лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон, им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Подоцна, на прес-конференцијата, одговарајќи на новинарско прашање, Рама рече дека се надева оти неговата најнова досетка нема да се сфати како претходната, кога во Солун му го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како „премиер на идната Западна Бугарија“.

– Се надевам дека нема да се случи како со глупавата македонска опозиција, ОК… која го сфати она што го реков за Западна Бугарија како навреда. И видеото беше скратено, бидејќи реков иден премиер на Западна Бугарија и потоа: идниот премиер на Источна Албанија. Бидејќи тие бараат од оваа земја да ги направи сите напори. Тие го сменија името. Но, ова беше кажано како нешто не многу убаво за Бугарија и за ЕУ, а не за Северна Македонија. Но, кога си глупава опозиција, тогаш си осуден да останеш опозиција! Така што, добри се таму и можеби ќе се опаметат со време… – рече албанскиот премиер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО