22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Ковачевски: 26 јули е потсетник на младите генерација да им ја пренесеме љубовта

НАЈЧИТАНО

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година.

– На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот – објави на социјалните мрежи премиерот Ковачевски.

Ковачевски порача дека 26 јули е потсетник дека наша должност е на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги забораваат жртвите од земјотресот на кои денес им оддаваме почит.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО