16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција закажана за утре.

„Оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Република Северна Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ“, соопштија од владиниот прес-центар.
Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама, да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Во рамките на посетата на Брисел за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Македонија и работен ручек на премиерот со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО