20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Ковачевски ќе се сретне со Борис Џонсон и со лидери од Балканот

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дена ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан којашто ќе се одржи во Лондон.

Премиерот Ковачевски заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време на самитот, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката.

„За време на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан којшто ќе се одржи во Лондон, Ковачевски е предвидено да се сретне и со високи претставници на ЕУ, како и да оствари повеќе билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан“, соопшти прес-службата на Владата.

Како дел од агендата на самитот, додаваат, Ковачевски, заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан учесници на самитот на ЕБОР, ќе одржи средба со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон.

„Во рамките на посетата на Лондон, премиерот Ковачевски и членовите на делегацијата на Северна Македонија предвидено е да остварат и други средби во организација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство“, наведува владината прес-служба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО