9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Ковачевски: Со успешни политики го заштитивме стандардот на граѓаните и ги ублажиме последиците од кризата

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски на дебатата во организација на „Македонија2025“ посветена на „Платформата за просперитетна иднина“, истакна дека Владата што ја предводи, како социјал демократска, има неколку постулати на кои што ја гради економската политика и додаде дека приоритет во нејзините политики е враќање на парите кај граѓаните.

„Мандатот го прифативме во период на исклучителни предизвици кога треба да се анулираат последиците од енергетската и економската криза како и растечката инфлација. Сметам дека квалитетно се справивме со овие прашања со оглед на тоа дека во само 100 дена успеавме низ социјален дијалог да ја покачиме минималната плата значително, да воведеме нова методологија и досега најголемо покачување на пензиите и да направиме усогласување на платите во најголемиот дел од секторите низ колективно договарање“, нагласи Ковачевски.

Во делот на стандардот, укажа Ковачевски, значајни се и програмите за поддршка на економијата, со кредити со ниски каматни стапки преку Развојната банка на Северна Македонија со цел да обезбедиме капитал кој ќе ја задржи ликвидноста на компании во овие исклучително тешки услови.

„Нашата втора определба е одржување на ниски нивоа на дефицит и на јавен долг што доколку се погледнат податоците од 2018, 2019 година токму тоа е случајот, практично едни од историски најниски дефицити и задолжувања, практично раздолжувања имавме во тоа време. Заради потребата да се финансираат антикризните мерки во услови на светска пандемија подоцна и енергетска криза нормално дека се пристапи кон експанзивна фискална политика при што монетарната политика водеше стабилизациона политика. Доколку ги погледнеме податоците ние и во време на кризен период успеавме да го одржиме, односно да го управуваме на многу одговорен начин јавниот долг на државата којшто пред крајот на минатата година и на почетокот на оваа го намаливме“, дополни премиерот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека буџет на државата е ставен во среднорочна рамка со многу јасен план јавниот долг да го сведеме на ниво мастришките критериуми и дефицитот да го сведеме под нивото од 3% нормално очекувајќи инфлаторните притисоци да се намалат во тој период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО