0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Ковачевски: Со пораките на Велигден да се исполниме со надеж и со спокојство за просперитет на сите нас и нашето општество

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со писмо до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до Синодот на МПЦ-ОА, како и со видео обраќање до свештенството и монаштвото, до сите православни верници во нашата земја, го честиташе големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме содржината од писмото со честитки на премиерот Ковачевски по повод Велигден во целост:

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден.

Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа.

Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.

Во овие драматични мигови за нашето современие, Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.

Велигден е и празник на надежта и верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри.

Со таа надеж за подобри денови, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби и конфликти.

Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и духовна сила!

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!

Христос воскресна! Навистина воскресна!“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img