5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Ковачевски: Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот.

Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани. – Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја, нагласи премиерот.

Следната недела, како што информира тој, почнуваме со билатералниот скрининг за Кластер 2 – „Внатрешен пазар”, а досега е завршен билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности”.

– Досега имаме квалитетни презентации во сите поглавја, а коментарите од Европската комисија за досегашните презентации се одлични. Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка во носењето на законите, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба да се посветиме, а тоа се реформата на јавната администрација, механизмите за владеењето на правото и борбата со корупцијата. Овие теми ќе биат отворени во текот на целиот преговарачки процес и затоа очекувам секоја институција да е на ниво на задачата и одговорно да пристапи кон овој процес – нагласи Ковачевски.

Според премиерот, целта за членство во големото европско семејство до 2030 година не е невозможна цел.

– Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда – потенцира Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Владата го смени името, но но не и планот

Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува со друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата...

И на МНР му „пукна филмот“

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку соопштение, со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република...

Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

„Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ...
spot_img
spot_img
spot_img