17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Ковачевски преку видео врска ја поддржа Украина на патот кон ЕУ

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски денеска ги пречека премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, на чија покана се во посета на Киев.

Во пресрет на изјавата за медиумите, била одржана официјална средба меѓу премиерот Абазовиќ и Рама и претседателот Зеленски, на која тој им се заблагодарил на Абазовиќ и Рама за нивното пристигнување и отворената поддршка на Украина од двете земји.

Во разговорот преку видео врска се вклучи и претседателот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки на Алијансата, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија.

– Денеска заедно со Еди Рама и Димитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во иницијативата се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мирот, стабилноста и просперитетот – напиша Абазовиќ на Фејсбук.

Претседателот на Украина Зеленски рече дека е свесен за капацитетот на трите земји, но најважно е дека постои волја, заблагодарувајќи и се на Црна Гора за помошта и поддршката и ја истакна важноста на поддршката на членките на НАТО за неговата земја.

По официјалната прес-конференција, претседателот на Украина Володимир Зеленски организираше работен ручек за премиерот Абазовиќ и премиерот на Албанија.

Зеленски изрази надеж дека Црна Гора, Албанија и Северна Македонија во НАТО ќе ја поддржат борбата на украинскиот народ и ќе и помогнат на таа земја да се одбрани од руската агресија.

Рама рече дека целосно го поддржува доделувањето кандидатски статус за ЕУ ​​за Украина, имајќи предвид дека сите три земји веруваат во иднината на ЕУ во Украина.

Шмихал: Вашата посета на Киев е симболична порака дека сте со нас

По средбата со Зеленски, Абазовиќ и Рама се сретнаа и со премиерот на Украина, Денис Шмихал.

Шмихал се заблагодари за поддршката и вложи напори Украина да стане дел од ЕУ.

– Вашата посета на Киев е симболична порака дека сте со нас. Нашата интеграција во ЕУ е поддржана од огромното мнозинство од населението, што е морален аргумент во корист на нашата аспирација да бидеме дел од ЕУ. А со помош на партнерот таа борба е полесна. Ви благодариме за вашата посета во овие тешки времиња – рече премиерот на Украина, Шмихал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО