2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Ковачевски од Охрид: Да покажеме зрелост и да се обединиме во заедничкото добро

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

По церемонијата на осветувањето на водите на Охридското езеро и положувањето на светиот крст, премиерот Ковачевски поразговара со присутните граѓани и рече дека е убаво на ваков голем празник да се биде во нашиот древен Охрид, посакаувајки им на нив и на сите граѓани во државата добро здравје, радост, спокој, лична и семејна благосостојба. А, му честиташе и на граѓанинот кој го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

Претседателот на Владата, Ковачевски, утрината присуствуваше и на литургијата во црквата Успение на Пресвета Богородица, којашто се служеше во чест на денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

Во разговорот со владиците и со присутните граѓани, премиерот Ковачевски рече дека симболиката на влегувањето во водите, како потсетување на Исусовото крштевање во реката Јордан е значајна и поради безвременската порака на којашто упатува празникот, дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.

А денешниот ден упатува токму на обновата како важен дел во духовниот развој на луѓето и за доброто на општеството.

„Со меѓусебно разбирање и грижа едни за други, да покажеме духовна зрелост и да дадеме заедничка поддршка на мирот и на развојот како заедничко добро.

Честит и вековит да е големиот христијански празник, Богојавление – Водици!“, посака премиерот Ковачевски, при честитањето на празникот во Охрид.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Трамп се повика на Петтиот амандман повеќе од 400 пати: „Одговорот е ист“

Објавени се видеа од поранешниот американски претседател Доналд Трамп како се брани пред американското обвинителство поради наводни контроверзни деловни практики во неговата организација Трамп....

Руски новинар осуден во отсуство на осум години затвор за „лажни вести“

Истакнатиот руски новинар Александар Невзоров во средата беше осуден во отсуство на осум години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за...

„Јокиќ е кошаркарска поезија“

Американскиот коментатор не го криеше ентузијазмот за играта на кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ. Репрезентацијата на Србија одигра уште еден фантастичен натпревар - во победата...
spot_img
spot_img
spot_img